
Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана синоќа пресретна и уништи 85 украински дронови.
Во соопштението се наведува дека 40 беспилотни летала се пресретнати над територијата на Воронежската област, 20 над областа Нижни Новгородската, 10 над Белгородската област, шест над Курската област, четири над Липецката област, по два дрона биле соборени над Волгоградската област и над територијата на Република Башкортостан, како и еден дрон над Саратовската област.
Регионалните власти соопштија дека при напад со два дрона оштетена е петрохемиска фабрика во градот Стерлитамак во Република Башкортостан.
Фабриката, која се наоѓа на 1.500 километри од границата со Украина, сè уште работи, изјави гувернерот на Башкортостан, Радиј Хабиров, додавајќи оти нема повредени работници во фабриката

                        
Македонски






