Skip to main content

Нигериската армија уби 19 членови на банда во државата Кано

Freepik

Нигериската армија денеска соопшти дека 19 вооружени членови на банда се убиени во вооружен конфликт во федералната држава Кано.

Портпаролот на армијата, Бабатунде Зубаиру, во соопштението изјави дека двајца војници и еден локален волонтер, исто така, загинале во воената операција, јавуваат британските медиуми.

Судирите избувнаа во Шенон, каде што војниците, поддржани од други безбедносни агенции, извршија рација во скривалиште на бандити.

Операцијата е дел од поширока воена кампања за спречување на зголеменото насилство во северна Нигерија, каде што вооружени групи убија и киднапираа илјадници луѓе во последните години.

Поврзани вести