Skip to main content

Нетанјаху демантира дека Хамас и ја предал контролата врз Газа на палестинската самоуправа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги демантираше наводите на арапските медиуми дека Хамас ја предал контролата врз Појасот Газа на палестинската самоуправа.

Нетанјаху порача дека останува на своето ветување дека „денот по војната во Газа, ниту Хамас, ниту палестинската самоуправа нема да бидат таму“.

Тој ја истакна својата посветеност на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно раселување на Палестинците од Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Претходно, арапските медиуми објавија дека Хамас се согласил да ја отстапи контролата над Газа на палестинската самоуправа како дел од преговорите за трајно завршување на војната. 

Поврзани вести