
Рудникот за злато Керш ал Фил во источен Судан делумно се урна, при што загинаа 11 рудари, соопшти денеска државната компанија задолжена за рудникот.
Уривањето на рудникот се случи недалеку од пустинскиот град Хуеид, соопшти компанијата „Судански минерални ресурси“.
Во уривањето на рудникот повредени се уште седум работници, кои се пренесени во болница.