
Рускиот претседател, Владимир Путин ќе патува до Будимпешта на средба со својот американски колега, Домалд Трамп, преку јужната воздушна рута, пишува изданието „Air Live“. Според агенцијата, рутата на Путин ќе поминува преку Црното Море, Турција, Средоземното Море, Црна Гора и Србија.
За време на летот, безбедноста на рускиот претседател ќе ја обезбедуваат руски и турски борбени авиони. Нивната задача е да спречат можни закани од беспилотни летала или ракети, забележува изворот.

Ваквиот план доаѓа откако рутата преку Полска и Словачка се смета за малку веројатна поради зголемените ризици и политичките компликации и забраната за прелет на руски авиони преку територија на Европската Унија. Затоа, Јужната рута е избрана како најбезбедна и е договорена од двете страни, пишува изданието.
Претходно, ЕУ му „гарантираше“ на Путин непречена посета на Будимпешта. Европската комисија официјално изјави дека рускиот претседател ќе може да влезе во Европската Унија без никакви проблеми со што нема да има правни пречки за посетата на Путин на Унгарија.