Украинскиот ултранационалистички батачјон „Азов“ создава меѓународна борбена единица од платеници кои зборуваат англиски, за „Гардијан“ обелоденува командантот на баталјон со борбне знак „Карл“. Тој вели дека идните борци ќе мора да поминат низ процес на регрутирање во Киев кој вклучува психолошка проценка и полиграфско тестирање за да се утврди дали кандидатот можеби работи за руските разузнавачки служби.
Тогаш платениците ќе треба да се подготват за реалноста на украинското бојно поле, што ќе траае 2-3 месеци. Потоа, новосоздадените припадници на „Азов“ ќе се приклучат на јуришните единици.
Во своето објаснување, „Карл“ предупредува дека реалноста може да биде „прилично лоша“ за кандидатите.
Според „Гардијан“, 15 британски платеници загинале во Украина од почетокот на војната а смртта на двајца е објавена овој месец. Во материјалот се наведува дека украинските сили ќе бидат подложени на „интензивен притисок на бојното поле“ во врска со приближувањето на претседателствувањето на Доналд Трамп, поради што „Азов“ почнал да регрутира странци во своите редови.