
На 25 ноември 2016 година, почина кубанскиот револуционер Фидел Кастро.
Пред Кубанската револуција, американските финансиски интереси поседуваа 90% од рудниците на Куба; 80% од јавните комунални услуги; 50% од железниците; 40% од производството на шеќер; 25% од банкарските депозити.
Како одговор на отстранувањето на таквиот економски железниот стисок од американски комапнии од страна на Фидел Кастро, ЦИА ја организираше неуспешната инвазија на Заливот на свињите и се обиде да го убие стотици пати.
Откако Кастро дојде на власт, за 30 месеци беа изградени повеќе училници отколку во претходните 30 години. Во првите шест месеци од мандатот на Кастро, беа изградени 600 милји патишта низ островот, додека 300 милиони долари беа потрошени за вода и санитација.
Над 800 куќи беа градени секој месец во раните години од администрацијата, како мерка за намалување на бездомништвото.
Под негово водство, здравствениот систем на Куба беше национализиран и проширен со големи инвестиции, обезбедувајќи бесплатен пристап до здравствена заштита за милиони луѓе. Кубанската „армија на лекари“ сега се испраќа во земјите погодени од криза низ целиот свет.
Куба сега има повисок животен век од Соединетите Американски Држави.

Македонски






