Skip to main content

Мерц: Сите згрешивме во врска со Путин

screenshot
Принтскрин од видео

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери погрешно ја процениле руско-украинската криза и рускиот лидер Владимир Путин.

Сите ние згрешивме во врска со Владимир Путин. Вистината е дека јас секогаш бев скептичен. Но требаше и јас побрзо да ја сфатам заканата, многу пред неговиот напад на Украина – во 2014 година, кога ја изврши инвазијата на Крим. А можеби и уште во 2008 година, кога ја нападна Грузија, рече тој во интервју за Пари мач.

Мерц укажа на историските размери на она што се случува, напоменувајќи дека Путин со агресијата врз Украина „ја нападна втората најголема земја по површина на европскиот континент“.

Тој исто така предупреди дека Европејците со години ќе се соочуваат со овој „авторитарен режим кој повеќе не ја почитува рамнотежата што порано постоеше“.

Мерц неодамна го нарече рускиот лидер „најголемиот воен злосторник на нашето време“.

Поврзани вести