Skip to main content

Мерц ги повика европските сојузници да одржуваат добри односи со САД

Facebook/Friedrich Merz
Facebook/Friedrich Merz

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика своите европски партнери да сторат сè што можат за да одржат добри односи со Соединетите Американски Држави.

Мислам дека мора да вложиме максимални напори за да ги задржиме Американците на наша страна. Не можеме да го замениме она што Американците сè уште го прават за нас во Европа, на нашиот континент и за нашиот мир и слобода“, додаде тој, нагласувајќи дека Германија е исклучително благодарна на САД за ова, рече Мерц на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Албанија.

Мерц не кажа дали мисли дека сите партнери на НАТО треба да се придржуваат кон барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од нивниот економски производ.

Наместо тоа, тој го повтори повикот „да не се фокусираат само на парите кога станува збор за одбраната“.

Мора да зборуваме за ефикасност, за бројот на системи и за економиите на обем“, рече тој.

Мерц ги забележа комплицираните процеси на набавка на одбраната и проблемот со трошењето пари на премногу различни системи.

Не добиваме доволно материјал за нашите пари“, рече тој.

На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Турција вчера, германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го поддржа барањето на Трамп за масовно зголемување на трошоците за одбрана на членките на НАТО на пет отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП).

Сепак, Вадефул јасно стави до знаење дека традиционалните трошоци за одбрана од 3,5 посто од БДП би биле доволни, под услов дополнителни 1,5 проценти од економското производство да се потрошат на воена инфраструктура.

Во меѓувреме, политичарите од социјалдемократите – коалициските партнери на Мерц во владата – реагираа претпазливо на забелешките на Вадефул.

Поврзани вести