Skip to main content

Матерела: Чувствувам длабока празнина, папата беше пример за мене

Италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави дека денешната смрт на папата Франциск оставила длабока празнина и дека 88-годишниот аргентински понтиф бил пример за него, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Со огромна лична болка ја дознав веста за смртта на папата Франциск, чувствувајќи длабока празнина. Смртта на папата Франциск предизвикува болка и емоции кај Италијанците и низ целиот свет. Неговото учење потсетуваше на пораката на Евангелието, солидарноста меѓу луѓето, обврската да се биде блиску до најслабите, меѓународната соработка, мирот во име на хуманоста. Благодарноста кон него мора да се преточи во одговорност да се работи за овие цели, како што тоа постојано го правеше“, истакнува претседателот на Италија. 

Поврзани вести