Skip to main content

Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина

Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“.

Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“.

Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. Работата на мрежата е обновена од денеска.

Поврзани вести