Skip to main content

Маск до Трамп: Без мене ќе ги изгубеше изборите

Фото: Facebook/Donald J.Trump

Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка.

„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, објави Маск на X.
„Каква неблагодарност“.

Вредноста на акциите на Тесла нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти,  веднаш по избувнувањето на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за електрични автомобили.

Трамп рече дека е разочаран од Маск – поранешен близок сојузник – критикувајќи го неговиот предложен закон за огромни трошоци, додека Маск го критикуваше Трамп за „неблагодарност“ за поддршката на технолошкиот тајкун.

Поврзани вести