Skip to main content
Неочекувана мала медиумска приказна во САД

Марко Рубио носи преголеми чевли – не ги менува затоа што му ги подарил Трамп

Преголемите чевли што ги носи американскиот државн секретар, Марко Рубио неочекувано се претворија во мала медиумска приказна во САД.

Извештаите на голем број медиуми велат дека Рубио носел чевли значително поголеми од неговата вистинска големина откако Доналд Трамп му ги нарачал без да знае точно кој број чевли му одговараат.

Во објавите се вели дека Трамп им подарил формални чевли од „Флоршајм“, во вредност од околу 145 долари, на луѓето блиски до него како полушеговит гест, наменет да ја зајакне лојалноста и кохезијата во неговиот внатрешен круг.

Според извештаите, ваквата идеја на Трамп дошла откако за време на еден состанок Трамп ги критикувал нивните обувки како „ужасни“.

Како што коментираат медиумите, се чини дека сите се премногу исплашени од Трамп за да одбијат да ги носат чевлите што им ги подарил.

Поврзани вести