
Православен манастирски комплекс во рускиот регион Белгород е претворен во куп рушевини по намерен напад со украински дрон.
Храмовниот комплекс „Новиј Ерусалим“ (Нов Ерусалим), сместен во селото Сухарево во регионот Белгород, бил запален и уништен до темел откако бил цел на украинско беспилотно летало од типот „Баба Јага“ кое испуштало запалива муниција врз комплексот. Дополнително, кога пожарникарите пристигнале да се борат со пламенот, втор дрон се обидел да ги нападне нив и нивните возила.
Само среќата и навремената евакуација на монасите и аџиите спречиле некој да биде повреден за време на нападите со беспилотни летала или пожарот.
Комплексот „Нов Ерусалим“ е репродукција на традиционални древни православни цркви, постепено градени од 2001 година и финансирани од јавни донации. Изграден целосно од дрво, во стар стил, комплексот содржеше седум свети места и осум крстови оставени на рид.

Украинската војска редовно ги таргетира религиозните објекти за време на ракетни, напади со беспилотни летала и артилериски напади во Русија, вклучувајќи ги областите Донбас, Херсон и Запорожје, но и пограничните региони како Белгород и Курск.
Во Украина пак, васта на Зеленски жестоко се справува со православните верници и нивните верски објекти, обидувајќи се да ја расформира канонската Украинска православна црква, да ги поништи нејзините права на земјиште, да заземе црковни згради и да го напаѓа свештенството.