
На 20 ноември во речиси цела Европа ќе се одржат големи протести. Организатор е новоформираната организација „Youth internacional strike“. Повод за протестите во 40 земји се војните кои се водат во Европа и на Блискиот Исток а доаѓаат во време на големи демонтрации во Албанија, Франција и Италија.

На 20 ноември протести ќе има во Германија, Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Португалија, Грција, Австрија, Чешка, Велика Британија. Maкедонија засега не е наведена.
Во најавата за протестите се вели дека сега било време за ескалација.

Зошто штрајкуваме?
Како студентски и младински организации од цела Европа, повикуваме на ден на заеднички штрајкови и мобилизации .Постојаната ескалација на војните, вооружувањето и империјалистичкото угнетување, заедно со климатските промени, го обликуваат светот во кој растеме и ни ја негираат, како млади луѓе, можноста за достоинствена иднина.Заедно, напишавме манифест што може да го потпишат сите организации кои се подготвени да се приклучат на штрајкот.
Студентските и младинските организации низ цела Европа се здружуваат за да организираат масовен штрајк и да се мобилизираат низ цела Европа, стои во најавата.
.

Македонски

