Skip to main content

Макрон во пресрет на средбата Трамп-Путин: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

Facebook/Emmanuel Macron

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска на 15 август, чија цел е да се стави крај на војната во Украина, изјави дека иднината на земјата не може да се одлучи без Украинците.

Би било потребно и Европејците да бидат дел од решението, бидејќи станува збор за нивната безбедност“, напиша Макрон на мрежата Икс.

Макрон рече дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.

Во изминатите неколку дена, Зеленски имаше серија разговори со сојузниците на Киев по посетата на пратеникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, на Москва и најавата за средба на 15 август меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска во Велика Британија ќе се сретнат со украинските и европските сојузници за да разговараат за напорите на претседателот Доналд Трамп за мир во Украина, изјави претходно портпарол на Даунинг стрит. 

Поврзани вести