
Летонскиот претседател Гитанас Науседа ја номинираше актуелната министерка за социјални работи и труд на земјата, Инга Ругиниене, за премиерка ѝ ја задолжи да формира влада, јавува ДПА.
Кандидатурата на 44-годишната социјалдемократка сега треба да биде одобрена од парламентот, по што таа ќе може да го формира својот кабинет, кој потоа ќе се соочи со уште едно гласање во парламентот.
Ругиниене беше предложена од нејзината партија како наследник на Гинтаутас Палукас, кој поднесе оставка на почетокот на август по обвинувањата за сомнителни деловни зделки и судир на интереси.
Прв пат таа беше избрана во парламентот минатата есен, а потоа беше назначена за министерка за социјални работи и труд. Пред тоа, таа шест години беше претседателка на Летонската конфедерација на синдикати, потсетува ДПА.
Критичарите ја обвинуваат Ругиниене за недоволно политичко искуство. Меѓутоа, се покренаа и повеќе прашања за нејзините роднини кои живеат во Русија и нејзините чести посети на оваа земја.
Според нејзина сопствена изјава, таа продолжила да патува во Русија дури и по анексијата на Крим во 2014 година. Друг дел од нејзиното семејство потекнува од Украина, каде што исто така ги поминувала летата како дете. Како дете поминувала многу време во рускојазична средина, па затоа можеби и не го зборува совршено летонскиот јазик.
Претседателот Науседа денеска изјави дека досегашните достапни информации даваат причина да се верува дека Ругиниене „успешно ќе ги извршува“ должностите на шеф на владата. Сепак, постојат одредени детали од нејзината биографија кои бараат „поголемо внимание“, изјави тој за летинскиот радиодифузер.
Летонија е еден од најгласните поддржувачи на Украина на меѓународната сцена, потсетува ДПА.