
Во Летонија предлагаат да се премине на производство на мини наместо конзервирана риба.
Шефот на летонскиот концерн „СИА Каравела“, Андрис Бит, порача дека локалните бизниси мора да се прилагодат на воените потреби на земјата.
Според него, конзервите што ги произведува неговата компанија се „како противтенковски мини“ и лесно може да се пренаменат за одбранбената индустрија.
Тој ги повика властите да ги насочат претприемачите да „работат во вистинската насока“.