
Британските медиуми објавуваат дека летонската разузнавачка служба почнува проект со кој ќе ги учи граѓаните како да ги идентификуваат можните руски „саботери и шпиони“.
За таа цел летонските разузнавачи креираа листа која ги информира граѓаните кои се предупредувачките знаци што укажуваат на руски шпион:
▪️ лош, неуреден изглед и „недостаток на хигиена“ се знаци на подземен шпион;
▪️ прекумерна љубопитност при разговор со локалните жители;
▪️ не ја познаваат областа, но имаат опрема за преживување со себе: специјализирани комплети за прва помош, мапи или радио уреди;
▪️ кратка, армиска фризура.
Според „Индепендент“, пред две години Службата за државна безбедност веќе издала слични препораки, но тие биле „помалку детални“.