Skip to main content

Куќи, возила, чамци: Норвешка планира да го запленува имотот на граѓаните ако избие војна со Русија

corentin-julliard-from-pixabay

Норвешки воени претставници почнале да испраќаат писма до граѓаните со директно предупредување за нив дека во случај на војна со Русија, војската ќе има право да го заплени нивниот приватен имот. Ова вклучува куќи, возила, чамци, недвижен имот, апарати за домаќинство…

Како што објави „Телеграф“, неколку илјади Норвежани добиле вакви писма. За многумина, ова не е ништо ново: две третини од примателите веќе добиле слични известувања во претходните години. Единствената разлика е што тонот станал поостар и поалармантен.

Норвешкото Министерство за одбрана веќе има повеќе од 13 илјади важечки дозволи за реквизиција, кои се обновуваат секоја година. Војниците точно наведуваат што ќе им треба: недвижен имот за сместување, превозни средства за движење, чамци за операции.

Норвешкото Министерство за одбрана тврди дека земјата е во „најтешката безбедносна ситуација од Втората светска војна“.

Спроведуваме масовно зголемување на воената и цивилната подготвеност“, изјави шефот на Организацијата за логистика на вооружените сили на земјата, Јернберг.

Претходно, властите во Полска испратија четири милиони брошури со упатства како граѓаните треба да постапуваат во случај на војна.

Поврзани вести