
Колумбискиот претседател, Густаво Петро, објави дека Колумбија ќе купи шведски борбени авиони „Грипен“ во вредност од 4,3 милијарди долари, што укажува на стравот дека неговата земја би можела да биде нападната „од каде било“ поради тензиите со Вашингтон.
Договорот, што е предмет на принципиелен договор постигнат во април со компанијата SAAB, е за 17 авиони, изјави претседателот Петро, зборувајќи од воена база.
Според него, тие борбени авиони ќе служат за спречување на „губење наколумбиски животи и напади врз Колумбија, од каде и да доаѓаат“.
Во хаотичен геополитички свет, (овие напади) можат да доаѓаат од каде било“, предупреди Петро.
САД и Франција ги понудија своите борбени авиони на официјална Богота, но Петро ги отфрли двете понуди.

Македонски








