
Во Истанбул се одржа првата рунда од преговорите меѓу Русија Укаина. Според информациите од Турција, разговорите траеле околу два часа.
По состанокот, двете делегации дадоа кратки изјави за медиумите без да открваат премногу детали за текот на разговорите.
Ова се клучните изјави по првата рунда од разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул:
– Во наредните денови, Русија и Украина ќе разменат затвореници во форматот „1000 за 1000“.
– Украинската делегација побарала директни разговори меѓу лидерите на државите, Русија тоа го зела предвид
– Русија и Украина ќе ја претстават својата визија за можно идно примирје
– По размената на планови за прекин на огнот, Русија и Украина ќе продолжат со преговорите