
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, порача дека официјален дека Пекинг се спротивставува на „секоја акција што ги крши целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации или го поткопува суверенитетот и безбедноста на другите земји“.
Забелешките доаѓаат откако САД на 29 ноември изјавија дека воздушниот простор на Венецуела треба да се смета за затворен „во целост“, предизвикувајќи силно противење од официјален Каракас и другите латиноамерикански земји.
Кина им се придружи на тие земји во осудата на активностите на САД, а Лин потврди дека официјален Пекинг се спротивставува на надворешното мешање во внатрешните работи на Венецуела „под каков било изговор“. Тој додаде дека Кина работи со сите страни за да ги заштити Латинска Америка и Карибите како „зона на мир“ и да спречи понатамошна ескалација.
Предупредувањата следат по инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека нападите врз наводните нарко-картели во Венецуела ќе почнат „многу наскоро“ како дел од операцијата „Јужно копје“. Венецуела го опиша военото засилување на САД во регионот како без преседан и директна закана за регионалната стабилност, обвинувајќи го Вашингтон дека се обидува да ја дестабилизира земјата и да предизвика насилна промена на власта.

Македонски







