Skip to main content

Ќе има „блиска средба“: НАТО и Русија истовремено ќе спроведуваат вежби во Балтичкото Море

alexandr-popadin-on-unsplash
alexandr-popadin-on-unsplash

НАТО и Русија истовремено ќе спроведуваат вежби во Балтичкото Море, поради што постои ризик од инциденти и провокации, пишува германски Билд.

Спорд изданието, следната недела земјите од НАТО ќе ги почнат традиционалните поморски вежби „Балтопс“, кои се одржуваат на почетокот на јуни повеќе од половина век. Во исто време, Русија ја испраќа својата флота на вежби еден месец порано од вообичаеното. Во нив ќе учествуваат 20 руски бродови.

Поради ваквиот развој на случувањата, експертите интервјуирани од весникот предупредуваат на можно опасно зближување меѓу флотите.

Поврзани вести