Skip to main content

Калас за Светскиот ден на медиумите: Независното новинарство е изложено на закани без преседан

facebook Kaja Kallas
facebook Kaja Kallas

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, по повод Светскиот ден на медиумите, објави дека „огромните намалувања на финансирањето, заедно со се поизразената политичка репресија и насилство врз новинарите, го доведуваат медиумскиот сектор во длабока криза“, и дека независното новинарство е изложено на закани без преседан.

Додека медиумите од јавен интерес се борат да преживеат, авторитарните режими и актерите во дезинформациите брзо се обидуваат да ја пополнат празнината, искривувајќи ги фактите и манипулирајќи со јавното мислење. Се повеќе сме загрижени за растечките закани за новинарите и другите медиумски професионалци, вклучувајќи заплашувања и напади, произволно притворање, законски прогон и транснационална репресија, се со цел да се замолчи нивната работа“, изјави Калас.

Според неа, „новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција, можат да ги засилат овие ризици со тоа што ќе овозможат сеопфатен надзор и насочено вознемирување“.

На овој Светски ден на слободата на печатот, Европската Унија ја потврдува својата одлучна посветеност на одбраната на слободното и независно новинарство, кое се соочува со невидени закани“, напиша Калас, додавајќи дека „без слобода на медиумите, нашето право на информации, слободата на критичко мислење и можноста да ги повикуваме луѓето на одговорност се во опасност“.

Според неа, „успешен, независен и плуралистички медиумски сектор е од суштинско значење за отпорноста и опстанокот на демократијата“.

Поврзани вести