Skip to main content

Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Каја Калас изјави дека дипломатијата останува единствениот пат кон трајно решение за тензиите на Блискиот Исток и потенцираше дека ризикот од натамошна ескалација е и натаму „опасно висок“.

Ставот на ЕУ отсекогаш бил јасен: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје. Само преку дипломатија може да се стигне до трајно решение, изјави Калас по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Поврзани вести