Skip to main content

Израелската Влада вечерва ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Владата на Израел се очекува вечерва да гласа за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар изјави дека ќе ја прекине посетата во Европа, за да присуствува на седницата на Кабинетот за безбедност и да гласа на Влада за договорот.

По напредокот во преговорите за ослободување на заложниците, министерот Сар ја прекина својата дипломатска посета, која требаше да продолжи утре во Унгарија. Тој вечерва ќе се врати во Израел за да учествува во очекуваните дискусии и гласања на Кабинетот за безбедност и на Владата, се наведува во соопштението на израелското МНР.

Претходно, „Тјмс оф Израел“ повикувајќи се на еден неименуван американски и на еден арапски претставник објави дека Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците беше постигнат по состанокот на катарскиот премиер со преговарачите на Хамас и одделно со израелските преговарачи во неговата канцеларија, истакна неименнуван претставник. 

Поврзани вести