Skip to main content

Израел планира изградба на воена база во Аденскиот Залив, преговара со непризнатиот Сомалиленд

taylor-brandon-on-unsplash
taylor-brandon-on-unsplash

Израел одлучи да воспостави воена база во Аденскиот Залив, кој се наоѓа меѓу Црвеното Море и Индискиот Океан, а на неговиот северен брег се наоѓа Јемен.

Според израелскиот Канал 12, за такво нешто, Израел е во преговори со властите на Сомалиленд, отцепената покраина од Сомалија, која единствено е призната за независна од страна на Израел.

Воспоставувањето воена база во овој регион, ќе им овозможи на Израелците да го контролираат бродскиот сообраќај низ Аденскиот Залив и понатаму кон Суецкиот Канал како и да им се спротивстават на Хутите во соседен Јемен.

Поврзани вести