Skip to main content

Израел ја прекинува наставата во училиштата поради иранските ракетни удари, преминува на онлајн настава

arik-shraga-on-unsplash

Израелското Министерство за образование соопшти дека се прекинува наставата во училиштата во државата денеска и утре по синоќешните ирански напади врз градовите Димона и Арад.

Министерот за образование, Јоав Киш, изјави дека наставата во сите образовни институции, вклучително и специјалното образование, се откажува во консултација со Командата за цивилна заштита.

Наставата ќе се организира исклучиво од далечина низ целата земја, вклучително и областите каде што претходно имаше ублажени мерки“, додаде израелскиот министер.

Како што изјави тој, нови проценки на ситуацијата се очекуваат до вторник, кога ќе бидат донесени дополнителни одлуки.

Иран синоќа нападна две населби во близина на главниот нуклеарен истражувачки центар на Израел, Арад и Димона, како одговор на израелско-американскиот наад врз иранскиот нуклеарен комплеккс Натанз, при што беа повредени повеќе од 100 лица, од кои 11 потешко.

Поврзани вести