Skip to main content

Израел ja нападна јужна Сирија за да спречи шверц на оружје

taylor-brandon-on-unsplash

Израелската војска денеска соопшти дека извршила копнени напади во јужна Сирија, со кои, како што тврди, се обидела да ја запре трговијата со оружје.

– Мисијата опфаќаше испитување на лице место на неколку осомничени вклучени во трговија со оружје во регионот Хадер во јужна Сирија, во близина на Голанската Висорамнина, која Израел ја анектира, се вели во соопштението на војската.

Во соопштението се додава дека војниците пронашле големи количества оружје на четири различни локации, а осомничените се обиделе да го шверцуваат.

Војската исто така наведе дека една нејзина дивизија останува во спорниот регион во јужна Сирија за да спречи, како што се наведува, зацврстување на кој било терористички елемент во таа земја.

Израел распореди војска на Голанската Висорамнина во зоната контролирана од Обединетите нации во декември минатата година, по падот од власт на претседателот Башар ал Асад, а од тогаш се извршени стотици напади врз бројни сириски воени локации.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, побара демилитаризација на јужна Сирија

Поврзани вести