
Израелските медиуми, вклучувајќи ги „i24 News“, „Channel 15“ и „Yedioth Ahronoth“, известуваат дека изградбата на тајна железница што ги поврзува Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел продолжила и покрај тековниот геноцид во Газа. „Channel 15“ забележува дека проектот достигнал напредна фаза и дискретно се спроведувал во текот на целата војна.

Проектот има за цел да создаде комерцијален коридор што ќе ја поврзува Азија со Европа, транспортирајќи стока од Индија до пристаништето Абу Даби, а потоа со брз воз преку ОАЕ, Саудиска Арабија и Јордан до пристаништето Хаифа за дистрибуција во Европа и САД.

Железничките претставници на ОАЕ и Израел се согласиле заеднички да ја надгледуваат рутата и истражуваат алтернативни рути, вклучително и премин во близина на јужното Мртво Море, за да се справат со политичките предизвици.

Македонски








