Skip to main content

Иран наводно поставил мини во Ормускиот Теснец, Трамп бара веднаш да се отстранат

Фото: AI Generated

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран поставил мини во Ормускиот Теснец.

„Доколку Иран поставил мини во Ормускиот теснец, а немаме извештаи дека го сториле тоа, сакаме тие да се отстранат веднаш! Доколку поради која било причина се поставени мини, а тие не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат на досега невидено ниво. Од друга страна, ако го отстранат она што можеби е поставено, тоа ќе биде огромен чекор во вистинската насока“, напиша Трамо на Трут Соушл.

Повикувајќи се на два извори, Си-Ен-Ен претходно јави дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот теснец, најважното енергетско тесно грло во светот низ кое минува околу една петтина од вкупната светска трговија со сурова нафта.

Поврзани вести