Skip to main content

Иран ги нападна Кувајт, Јордан и Бахреин

Иран соопшти дека извршил напади врз американски воени цели во Јордан, Бахреин и Кувајт гаѓајќи радарски системи, воени бази, воени авиони и други објекти.

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека при ракетен напад врз американската база во Јордан уништен е радарски систем за ракетна одбрана и борбен авион „Ф-15“, што бил во хангар. Според ИРГЦ, целта на операцијата била да се ослабат радарската покриеност на регионот и понатамошни напади со ракети и беспилотни летала.

Во исто време, јорданската армија соопшти дека пресретнала и неутрализирала пет ирански дрона.

Армијата на Иран наведе дека со дронови ја нападна американската воена база Шеик Иса во Бахреин за која тврди дека е клучна база за Петтата флота на САД и центар на американските операции во регионот.

Во иранските напади со крстосувачки ракети погодена е и централната инфраструктура за обработка на податоци на „Амазон“ во Бахреин. Според ИРГЦ, нападот е одговор на неодамнешните американски напади врз цивилната инфраструктура во Дарховина.

Иран исто така соопшти дека извршил „самоубиствени напади со беспилотни летала“ врз три американски воени објекти во Кувајт – Камп Арифџан, Камп ал-Адири и Ахмед ал-Џабер. Според иранската армија, погодени се административни згради, радарски антени, паркинг за хеликоптери и сместување за војници.

Техеран соопшти дека офанзивата ќе продолжи сè додека САД не ги прекинат нападите врз Иран.(МИА)

Поврзани вести