
Компаниите во ЕУ повеќе нема да смеат да уништуваат непродадена облека и обувки. Во сила стапија новите правила на ЕУ, чија цел е намалување на текстилниот отпад и подобрување на одржливоста во модната индустрија.
Според проценките на Европската агенција за животна средина, меѓу четири и девет проценти од сите текстилни производи во ЕУ се уништуваат без никогаш да бидат носени. Кога нови и целосно употребливи производи се фрлаат, залудно се трошат суровините, водата, енергијата и човечкиот труд вложени во нивното производство.
Воедно, според податоците на Европската комисија, само отстранувањето на ваков отпад годишно предизвикува емисии до 5,6 милиони тони јаглерод диоксид (CO₂). Тоа е еквивалентно на емисиите што во текот на една година ги создаваат меѓу два и три милиони просечни автомобили.
Целиот текст на Дојче веле

Македонски


