Skip to main content

Илон Маск го доби 14 дете: Синот го крсти Шелдон Ликургус

Илон Маск го доби своето 14-то дете, овој пат со извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис. Таа ја сподели оваа вест на Х.

„Разговарав со Илон и по прекрасниот роденден на Аркадија, решивме дека е најдобро веднаш да објавиме дека имаме прекрасен син Шелдон Ликургус. Тој е голем и има златно срце. Многу го сакаме“, напиша таа.

Директорот на „X“ одговори на нејзиниот твит со емотикон во облик на срце. Во споменатата објава таа го откри и името на нивното трето дете – Аркадија, која е родена во 2024 година. Двајцата имаат и близнаци, Страјдер и Азур, кои се родени во 2021 година.

Маск има шест деца со својата прва сопруга Џастин Вилсон – Невада, која почина кратко по раѓањето, близнаците Грифин и Вивијан и синовите Каи, Саксон и Демијан.

Со пејачката Грајмс, тој ги има синовите X-a Æ A-Xii, попознат како X, Techna Mechanicus и ќерката Exa Dark Sideræl, чиј прекар е Y.

Инфлуенсерката Ешли Ст.Клер неодамна објави дека добиле син.

Поврзани вести