Skip to main content

И Украина и Русија бараат работи што не можат да ги добијат, тврди Рубио

Freepik

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски зборува денеска во Брисел, американскиот државен секретар Марко Рубио даде интервју во САД, во кое ги коментираше резултатите од завчерашниот самит меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Рубио, кој учествуваше на самитот заедно со Трамп, рече дека и Русија и Украина ќе мора да направат отстапки ако сакаат да постигнат мировен договор.

Двете страни сакаат работи што нема да можат да ги добијат, рече Рубио, додавајќи дека „можеби дури и да не биде можно САД да создадат сценарио што би ја завршило војната во Украина“.

Меѓутоа, тој нагласи дека мора да се разговара за безбедносните гаранции за Украина, што го смета за клучен елемент на секој можен договор.

Тој додаде и дека американската администрација забележала доволен напредок за да го оправда продолжувањето на разговорите со Зеленски.

Поврзани вести