Skip to main content

Хуманитарната ситуација во Газа се влошува и предизвикува загриженост

Хуманитарната ситуација во Појасот Газа повторно се влоши и предизвикува сериозна загриженост, се наведува во заедничкото соопштение на Велика Британија, Канада, Франција и други земји, кое го објави британското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека Израел во врска со тоа треба да преземе итни мерки, да им дозволи на невладините организации да работат во Израел на одржлив и предвидлив начин и да осигура дека Обединетите нации можат да ја продолжат својата работа во палестинската енклава.

Изразуваме сериозна загриженост поради повторното влошување на хуманитарната ситуација во Газа која и понатаму е катастрофална, се наведува во соопштението на министрите за надворешни работи на Канада, Данска, Финска, Франција, Исланд, Јапонија, Норвешка, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

Во соопштението се истакнува дека Израел треба да ги укине „неразумните ограничувања“ на увозот на одредени производи, вклучувајќи медицинска опрема и опрема за засолништа, и да ги отвори граничните премини за да се зголеми протокот на хуманитарна помош во Газа.

Хуманитарните агенции наведуваат дека е потребно многу повеќе помош да стигне во Појасот Газа и го обвинуваат Израел дека го блокира влезот на потребните артикли.

Израел тврди дека во Појасот Газа стигнува повеќе од доволно храна и дека проблеми со дистрибуцијата на храната постојат внатре во Газа.

Поврзани вести