
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, ја критикуваше окружната судијка во Вашингтон Ана Рејес за блокирање на забраната за трансродовите лица да служат во американската војска.
Хегсет на платформата „Х“ напиша дека Рејес ги надминала своите овластувања со таа одлука.
На 27 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која ги ограничи правата на трансродовите лица да служат во американската војска.
Рејес ја блокираше забраната, со образложение дека го нарушува правото на еднаквост загарантирано со американскиот Устав. Рејес беше назначена од поранешниот американски демократски претседател Џозеф Бајден.