Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека ќе го почитува договорот за прекинот на огнот во Газа и размена на заробениците.
Абу Обаида, портпарол на бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, изјави дека движењето е подготвено да ги спроведе условите од договорот и временската рамка за размена на затвореници, пренесува ДПА.
Тој рече дека безбедното враќање на израелските заложници, кои треба да бидат разменети за палестински затвореници, целосно зависи од почитувањето на договорот од страна на Израел.
Абу Обаида предупреди дека секое прекршување од страна на израелската страна може да го „загрози договорот и директно да влијае на безбедноста на израелските заробеници и непреченото спроведување на договореното“.
Тој ги повика посредниците да бараат одговорност од Израел за преземените обврски.
Претставник на Хамас, исто така, предупреди дека сите обиди „за интегрирање на израелскиот ентитет во регионот [Блискиот Исток] ќе наидат на длабоко вкоренет отпор“.
– Народот во Газа пружи „историски отпор“ во последните месеци. Големите жртви и крв што ги пролеа нашиот народ нема да бидат залудни, рече Абу Обаида.