Skip to main content

Хамас го одложува следното ослободување на заложници

Хамас денеска соопшти дека на неодредено време го одложува ослободувањето на следната група израелски заложници кои се држат во Газа, тврдејќи дека Израел не ги почитувал условите од нивниот договор за прекин на огнот.

Повеќе заложници требаше да бидат ослободени в сабота во замена за десетици палестински затвореници како дел од договорот за прекин на огнот што стапи во сила на 19 јануари, пренесува ДПА.

Портпаролот на Хамас Абу Обеида рече дека нема да бидат ослободени други заложници до понатамошно известување.

Досега имаше пет размени на заложници и затвореници во рамките на првата фаза од тековниот прекин на огнот. Тројца заложници беа ослободени минатата сабота.

Поврзани вести