
Граничниот премин Рафа во Газа, кој се наоѓа на границата со Египет, повторно ќе биде отворен в понеделник, соопшти Палестинската амбасада во Каиро.
Преминот, кој е затворен поголемиот дел од времето од мај 2024 година, ќе им овозможи на Палестинците кои живеат во Египет да се вратат во Газа, се наведува во соопштение на дипломатската мисија.

Македонски







