
Германскиот министер за финансии Ларс Клингбаил, смета дека во Европа е достигнат лимитот на трпението околу Гренланд, објавува „Блумберг“.
Постојано се соочуваме со нови провокации, постојано се соочуваме со нов антагонизам, кон што се стреми претседателот Трамп, и тука ние Европејците мора јасно да ставиме до знаење дека лимитот е достигнат“, изјаву Клингбаил во Берлин, зборувајќи заедно со својот француски колега, Роланд Лескир.

Понатаму, Клингбаил, кој е германски вицеканцелар, се закани со одмазднички санкции против САД за воведувањето царини од 10%.
Постои законски воспоставен европски инструмент кој ни овозможува да одговориме на економската уцена со многу чувствителни мерки и сега мора да ја испитаме можноста за примена на овие мерки“, додаде Клингбаил.

Македонски





