Skip to main content

Германија не планира да отвори конзулат во Гренланд

За разлика од Франција, Германија во моментов не планира да отвори генерален конзулат во Гренланд.

Федералната влада веќе е претставена во Гренланд од почесен конзул“, соопшти германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека отворањето конзулат не е планирано во овој момент.

Франција вчера објави дека отворила генерален конзулат во Гренланд, станувајќи првата земја од ЕУ што го сторила тоа. Претседателот Емануел Макрон уште лани во јуни го најави создавањето на генерален конзулат во Нук, потсетува германската агенција ДПА.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во тоа време зборуваше за желбата да ја преземе контролата врз Гренланд, кој му припаѓа на Кралството Данска. Оттогаш тој двојно го зголеми притисокот, иако минатиот месец ја исклучи опцијата со употреба на сила, потсети ДПА. 

Поврзани вести