Skip to main content

Генералното собрание на ОН ја поддржа резолуцијата на Украина за војната – САД, Русија и 16 други земји гласаа против

На третата годишнина од руската инвазија на Украина, Генералното собрание на ОН ја прифати украинската резолуција поддржана од Европа, каде се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. За европската резолуција, САД гласаа „против“.

САД, Русија и 16 други земји гласаа против.

93 земји ја поддржаа резолуцијата на Украина, која ја нарекува Русија држава агресор и бара Кремљ да ги повлече своите трупи од Украина. 65 земји беа воздржани, а меѓу нив и Република Македонија.

Ваквото гласање покажува намалена поддршка за Украина, со оглед на тоа дека во претходните гласања, над 140 земји ја осудија руската агресија.

Важно е да се напомене дека за прв пат од почетокот на Специјалната воена операција, документот го загуби својот клучен коавтор – САД, кои, пред да дојде Доналд Трамп на власт, постојано ги поддржуваа антируските резолуции на Генералното собрание.

Вашингтон подготви своја, неутрална. Генералното собрание за ова ќе гласа во понеделник.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Маријана Беца, изјави дека нејзината земја го користи своето „природно право на самоодбрана“ по руската инвазија, која го прекршува принципот на ОН за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите.

Додека одбележуваме три години од ова разурнување – целосната руска инвазија врз Украина – ги повикуваме сите нации да останат цврсти и да застанат на страната на Повелбата, на страната на човештвото и на страната на праведниот и траен мир, мирот преку сила, изјави таа.

Заменичката амбасадорка на САД, Дороти Шеа, изјави дека повеќе претходни резолуции на ОН, кои ја осудуваа Русија и бараа повлекување на руските трупи, „не успеаја да ја запрат војната“, која „се одолжува премногу долго и со ужасни последици за народот во Украина, Русија и пошироко“.

Поврзани вести