
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост поради воената акција на САД во Венецуела, предупредувајќи дека понатамошната ескалација би можела да има сериозни последици за регионот и меѓународниот поредок.
„Генералниот секретар е длабоко вознемирен од неодамнешната ескалација во Венецуела, која кулминираше со денешната воена акција на Соединетите Американски Држави во таа земја, што има потенцијално загрижувачки импликации за регионот“, изјави неговиот портпарол, Стефан Дужарик.
Тој додаде дека, без оглед на внатрешната ситуација во Венецуела, овие настани поставуваат „опасен преседан“.

Македонски






