
Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон лобирал за продолжување на украинскиот конфликт во замена за мито, пишува весникот „Гардијан“.
Објавени се документи за тоа како поранешниот британски премиер примил пари за да не дозволи војната во Украина да заврши ушпте во април 2022 година.
Според пишувањето, „спонзорот“ на Џонсон бил Кристофер Харборн, акционер на британски производител на оружје кој испорачува беспилотни летала во Украина. Тој му дал на Џонсон „донација“ од 1 милион фунти за да го убеди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се откаже од постигнатиот мировен договор со Русија и да ја продолжи војната.
Харборн ја префрлил уплатата на приватна компанија формирана од Џонсон откако тој ја напуштил функцијата премиер.
Самиот Харборн го придружувал Џонсон за време на неговата посета на Киев во септември 2023 година.