Skip to main content

Фрлен во ќелија без греење: Украина го притвори Митрополитот на Украинската православна црква

Митрополитот Арсениј од Украинската православна црква е ставен во притвор од 60 дена. Игуменот на Светогорската лавра е обвинет за „оправдување на руската агресија“.

На свештеникот му се слошило на суд во Дњепропетровск и итно бил однесен со амбулантно возило со хипертензивна криза, но набрзо бил вратен на сослушување, известува Сојузот на православни новинари.

Ова е второ апсење на митрополитот. Веднаш по неодамнешното ослободување на Арсениј од притвор, тој повторно бил уапсен од припадници на украинската безбедносна служба СБУ.

Од манастирот велат дека на Митрополитот му биле одземени лековите и дека го држат во ќелија на 10 степени Целзиусови.

Поврзани вести