Skip to main content

Европската унија не е подготвена за своите нови еколошки барања, велат авиокомпаниите

Авиокомпании ја предупредуваат Европската унија дека не можат да ги исполнат барањата според новите правила за спречување на загадувањето на воздухот што стапуваат на сила овој месец. Во писмото во кое имале увид западни медиуми, авиокомпаниите велат дека не ги почитуваат еколошките ограничувања бидејќи ЕУ се уште не го имплементирала системот за собирање и обработка на податоци, познат како NEATS.

Правилата на Европската унија бараат од авиокомпаниите да го следат испуштањето на штетни гасопви во атмосферата за време на нивните летови, а потоа да известуваат за нив. Тие супстанции придонесуваат за глобалното затоплување не помалку од штетните емисии на јаглерод диоксид што се ослободуваат од моторите на авионите.

Европската унија вети дека ќе развие систем преку кој ќе може да се обезбедат податоци за овие загадувачи. Благодарение на него, авиокомпаниите ќе можат да известуваат за нивоата на атмосферско загадување предизвикано од нивните авиони. Сепак, системот се уште не е имплементиран.

Портпаролот на Европската комисија објави дека нејзината цел е системот за следење да биде оперативен во 2025 година. Во текот на следните два месеци, ЕК ќе ги координира со воздухопловната индустрија моделите за собирање и обработка на податоци што ќе се користат во развојот на системот.

Авиопревозниците имаат рок до март следната година да поднесат извештаи до ЕУ за штетните емисии што се испуштаат како резултат на нивните активности во 2025 година. Доколку не го сторат тоа, би можеле да бидат санкционирани.

Поврзани вести