Skip to main content

Евакуирана главната Железничка станица во Виена поради закана за поставена бомба

Австриската полиција попладнево ја евакуираше главната Железничка станица во Виена, а весникот „Куриер“ пишува дека станува збор за закана за поставена бомба.

Имаме неколку полицајци на лице место и ја разјаснуваме ситуацијата. Избегнувајте непотребен престој во кругот на Железничката станица“, објави полицијата на мрежата Икс.

Железничкиот сообраќај е во прекин, а поради инцидентот се сменети и трасите на неколку автобуси.

Поврзани вести