Skip to main content

ЕУ објави: Таксата од 20 евра за влез во ЕУ ќе се воведе на крајот на наредната година

Frontex

Европската Унија објави датум за старт на Системот за влез/излез (ЕЕС) и потврди дека таксата за влез преку ЕИАС-системот се зголемува од седум на 20 евра.

Фазната имплементација на ЕЕС ќе почне на 12 октомври годинава, а системот треба да биде целосно функционален до 10 април 2026 година на сите гранични премини на ЕУ. ЕЕС ќе биде автоматизиран систем кој ќе бара од патниците од земјите надвор од ЕУ да регистрираат биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија од лицето), да внесат информации како име, детали од пасош, и податоци за влез/излез. Во шестмесечниот период на приспособување, патниците ќе се соочат со комбиниран пристап – и биометриска и рачна регистрација.

ЕТИАС (Европски систем за патнички информации и одобрување), пак, ќе почне со работа во периодот меѓу октомври и декември 2026, потврди ЕУ. Првично планираната цена на ЕТИАС беше 7 евра, но сега е повеќе од тројно зголемена – на 20 евра. Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.